Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаТрајко Велјановски сака обединување, а бомбите ќе стивнат

Трајко Велјановски сака обединување, а бомбите ќе стивнат

Спикерот на Собранието Трајко Велјановски имаше одличен говор на свечената академија по повод државниот празник 11 октомври каде повика на национално помирување и политички единство на партиите кога се во прашање интересите на Република Македонија.

govor 11 oktomvri

Симболично спомена дека кога ќе слегне прашината и ќе одекнат „бомбите“ вистината ќе излезе на виделина, алудирајќи на протечените телефонски разговори и бројните политички скандали, но тешко е да се процени дали сакаше да се дистанцира од сегашното раководство на ВМРО или пак, до толку е убеден дека неговите сопартијци се чисти пред Бога и законот.

Покрај повикот на обединување и еднаква почит кон Партизанското и Илинденското движење Велјановски посочи дека сега е потребно превземање на одговорност за иднината на земјата која лежи и кај власта и кај опозицијата, бидејќи секоја грешна политичка одлука која ќе и наштети на Македонија ќе биде историски забележана.