Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаТрајчевски: Волја на ад-хок телото ќе биде дали медиумите известуваат балансирано

Трајчевски: Волја на ад-хок телото ќе биде дали медиумите известуваат балансирано

Зоран Трајчевски, претседателот на Агенцијата за аудио и аудио визуелни медиумски услуги објасни зошто барале да се воведе новата методологија за надзор на медиумите според која имало многу повеќе критериуми за оценка, а наместо тоа партиите меѓусебно се договорија да се врати старата методологија по која ќе работи и ад-хок телото за медиуми.

– Методологијата што беше укината опфаќаше период од 80 дена пред избори, во којшто период медиумите со последните измени на Изборниот законик имаат обврска да известуваат избалансирано. Бидејќи во законот не беа предвидени правила за тоа што значи избалансирано известување, Агенцијата одлучи да го искористи францускиот модел, каде што надвор од изборниот период се мери балансираноста и тоа го преточивме во методологија. На барање на политичките партии, односно нивниот меѓусебно потпишан договор, побараа да се врати методологијата од 5 јануари оваа година. Разликата меѓу овие две методологии е во тоа што во оваа методологија што е сега на сила нема дефинирано критериуми за тоа што значи избалансирано известување 80 дена пред избори и начинот на известување дали некој медиум ќе известува изблансирано или не се остава на волја на членовите на ад-хок комисијата, изјави Трајчевски во интервјуто за Радио Слободна Европа.

Сега останува на ад-хок телото за медиуми да ги следи веќе важечките законски прописи за балансирано и професионално известување, како и за информирање пред изборите и петте членови врз таа база ќе носат решенија за медиумите.