Tuesday, Apr 23, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузикаТрајче Ѓоргиев мал, а голем се до sвездите

Трајче Ѓоргиев мал, а голем се до sвездите

Втората полуфинална вечер на музичкото шоу ,,Пинкови sвездички” донесе радост во Македонија.

Младиот Трајче Ѓоргиев со изведбата на ,,Зошто отиде” од нашата музичка икона Тоше Проески, обезбеди место во големото финале кое ќе се случи на 26 јуни.

Шоуто ,,Пинкови sвездички’’ e најголем доказ дека на Балканот има многу млади музички имиња кои многу сигурно и квалитетно тргнуваат по патот до sвездите.

trajce 1

Жирито за нашиот Трајче Ѓеоргиев секогаш со позитивни коментари но и совети. До сега имавме можност да го запознаеме како талентирано, емотивно и повлечено момче кое на Македонија и ветува многу музика, квалитет и кариера со која сите ќе се гордееме.

Што се однесува до вчерашното полуфинале, од 14 изведувачи според правилата, шоуто мораа да го напуштат двајца кандидати. Поради најмалку гласови, фановите се поздравија со Дуња Јеличиќ и Милица Илич кои во изминативе 39 емисии имаа маестрални настапи.