Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаТрајановски ќе заработи тужба ако не го смени директорот на Вододвод

Трајановски ќе заработи тужба ако не го смени директорот на Вододвод

Разрешување на Александар Атанасов, генералниот директор на ЈП „Водовод и канализација“ најдоцна до 12 мај – вакво ултимативно барање му испратија СУТКОЗ и избрканите работници на скопскиот градоначалник Коце Трајановски. Доколку Трајановски сè уште нема „слух“ да го смени директорот од оваа функција, Синдикатот најави поднесување кривична пријава, јавува „Макфакс“. Тужбата ќе биде поднесена за несовесно работење на службата и за злоупотреба на службената положба и овластувања.

Во прилог на поднесеното барање, СУТКОЗ има доставено копија од известувањето на Министерството за образование и наука со кое се потврдува дека дипломата на Атанасов не е стекната на еден од првите 500 рангирани Универзитети на листата на Шангајскиот Џио Тонг универзитет не е валидна и не е призната во Македонија. Како втор доказ го наведуваат известувањето од Инспекторатот за труд со кое се потврдува дека во време на избор за директор на претпријатието Атанасов не доставил доказ за завршено соодветно образование во постапка предвидена со закон.