Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеТрајановски и Жерновски седнаа еден до друг во името на интересите на граѓаните!

Трајановски и Жерновски седнаа еден до друг во името на интересите на граѓаните!

Во просториите на о.Центар се одржа несекојдневна средба. Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски и директорите на јавните градски претпријатија одржаа средба со претставници на урбаните и на месните заедници од општина Центар, во рамки на тринаесеттиот циклус посети на општините на град Скопје.
коце 1
На оваа средба претставниците на градската администрација и јавните претпријатија имаа можност директно од претставниците на урбаните заедници на Општина Центар да слушнат предлози и забелешки за нивната работа, се со цел подобро функционирање и давање подобри резултати.

– Во 2016 година Град Скопје ќе реализира повеќе проекти на територијата на Општина Центар, каде што како најважни може да се издвојат реконструкцијата и проширувањето на улица Тодор Александров, на потег од клиниките до првата кривина, во зависност на условите ќе работиме на продолжување со проширувањето на улицата Јордан Мијалков, како и реконструкција на осветлувањето на кејот на реката Вардар, во делот кај зградата на Влада на РМ, изјави градоначалникот Трајановски.

Градоначалникот на Општината Центар, Жерновски ги поздрави овие средби како добра работна пракса, истакнувајќи дека тие се добра можност да се дискутира за проблемите со кои се соочуваат жителите на Центар. Тој најави дека на средбата ќе се дискутира за повеќе теми, меѓу кои и за загаденоста на воздухот во Скопје.