HomeДЕНЕШНАСветТрагично загина Дијана Лебедева – Богата наследничка која ја нарекуваа руска „Леди Ди“

Трагично загина Дијана Лебедева – Богата наследничка која ја нарекуваа руска „Леди Ди“

diana-lebedeva-vnuchka-platona-lebedeva-2

19 годишната Дијана Лебедева која ја нарекуваат руската „Леди Ди“ загина во тешка сообраќајна несреќа во Швајцарија откако со автомобилот излетала од патот. Лебедева била заедно со 23 годишниот Азер Јагубов, исто така дел од младата елита и син на богат азербејџански бизнисмен, па со автомобилот слетале во езерото Лугано, при што и двајцата загинале.

diana-agron

БМВ-то во кое се возеле најверојатно учествувало во трка, по што изгубиле целосна контрола, а се води истрага за сите детали како дошло до страшната несреќа.

dijana-lebedeva2

За Дијана руските медиуми пренесуваат дека била дел од младата богата елита, а таа е внука на бизнисменот Платон Лебедев (59) , близок соработник на најостриот критичар на Путин, Михаил Ходорковски. Тој поминал 11 години в затвор ( од 2003 до 2014) поради затајување на данок и перење на пари.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com