Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаТрагично селфи – малолетник преживеа струен удар на велешката железничка

Трагично селфи – малолетник преживеа струен удар на велешката железничка

14-годишно дете преживеа струен удар на железничката станица во Велес. Поради сериозните повреди, момчето е префрлено на скопските клиники. Дел од медиумите јавуваат дека детето се качило на вагоните за да направи селфи.

Трагедијата се случила околу пладне. Според информациите од велешката полиција, четиринаесетгодишникот се качил на еден од вагоните поставени во композиција на последните перони на железничката станица.

Најверојатно момчето имало намера на тој начин да ги премине колосеците. Детето кога се искачило на вагонот цистерна се допрело до електричните водови кои биле под напојување од 25 илјади волти. Високиот напон веднаш предизвикал оган, па телото на момчето било цело во пламен. Случајот први го забележале вработени во блиската конфекција. Со апарат за гасење пожар го неутрализирале оганот.

Сепак не можеле да го симнат детето поради електричното напојување. Биле повикани екипи на ЕВН и железницата кои за кратко ја прекинале струјата во електричните водови.

Интервенирала и територијалната противпожарна единица. По ова момчето веднаш било симнато од вагонот и со возило на брзата помош е транспортирано во велешката болница. Лекарите од хирушкото одделение констатирале голем процент на изгореници. Детето било свесно, но со отежаното дишење, информираат од велешката болница. По укажаната прва помош, 14 годишното момче било транспортирано на клиниките во Скопје. Полицијата направила увид на местото на несреќата.

Макфакс