Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаТрагична сообраќајка – прегазен пешак во Стар Дојран

Трагична сообраќајка – прегазен пешак во Стар Дојран

Пешак е прегазен во близина на населба Карач во Стар Дојран. Несреќата се случила вчера околу 14 часот, кога автомобил „Опел Корса“ со светиниколски регистерски ознаки удрил во 77-годишниот старец. Тој се здобил со повреди и бил пренесен во ЈЗУ-Гевгелија, а потоа и во ГОБ „8-ми Септември“ каде им подлегнал на повредите.

Од страна на ПС Гевгелија излезено е на местото на настанот, извршен е увид и се работи на целосно расчистување на случајот.