Tuesday, Apr 16, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаТрагедија во Маврово, загина градежен работник

Трагедија во Маврово, загина градежен работник

Градежен работник загина вчера во Маврово откако паднал од петтиот кат од зградата на која работел.

МВР соопшти дека вчера околу 10:40 часот во Маврово, при работа на изградба на нов објект односно поставување на плоча, од петтиот кат паднал Џ.Ш. (47) од с.Добри Дол-Гостиварско, вработен во АДГ„Пелагонија“, при што починал на самото место.

Увид извршила екипа од Полициската станица – Гостивар. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција.