Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаТрагедија во Куманово: Шестгодишно момче згмечено од лифт

Трагедија во Куманово: Шестгодишно момче згмечено од лифт

Шестгодишно дете почина во несреќен случај, што се случи претпладневно во лифт во станбена зграда лоцирана помеѓу булеварот „Трета македонска ударна бригада“ и улицата „Панчевачка“ во Куманово. Момчето живеело во станбената зграда. Се уште не се знае како се случила несреќата.

Случајот го потврди кумановската полиција. На местото на несреќата беа екипи од ТППЕ Куманово и од Итна помош од каде потврдија дека детето имало повреди на главата. По увидот ќе бидат познати деталите за трагедијата.