Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаТрагедија во Куманово: Се обеси 11-годишно момче

Трагедија во Куманово: Се обеси 11-годишно момче

Единаесетгодишно момче од Куманово вчера си го одзело животот со бесење.

Од СВР Куманово потврдуваат дека станува збор за самоубиство на малолетно дете што се случило во семеен дом на ул. Ѓорѓе Петров во населбата Перо Чичо.

Како што соопштија надлежните, момчето било затекнато починато во соба. На вратот имало платнен ремен од јакна врзан за рачки од витрина.

Случајот во полицијата го пријавил лекар од Итна медицинска помош во Куманово.