Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаТрагедија на Галичица – загина 19-годишен велосипедист

Трагедија на Галичица – загина 19-годишен велосипедист

Деветнаесетгодишен велосипедист од Скопје бил тешко повреден во несреќа на планината Галичица, по што им подлегнал на повредите. Несреќата се случила на 21-ви јуни 2015 година во рамки на велосипедската тура „Тур де Галичица“ која се одржа на Преспанскиот дел на планината во организација на Велосипедско планинарски клуб од Ресен.

Според информациите, несреќата се случила во близина на селото Лескоец кај месноста Рекана. Од се уште непознати причини, момчето удрило во дрво, по што паднало во безсознание. Се претпоставува дека лошите временски услови се причина за несреќата. Била повикана итна помош, но поради непристапноста на теренот, било потребно
подолго време додека да пристигне.