Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаТРАГЕДИЈА НА ,,ЕГЗИТ"-Момче паднало од Петроварадинската тврдина

ТРАГЕДИЈА НА ,,ЕГЗИТ"-Момче паднало од Петроварадинската тврдина

20 годишно момче,  посетител на фестивалот Егзит настрадало синоќа  при пад од бедемот на Петроварадинската тврдина  во близина на еден  ресторан кој се наоѓа на Каменичкиот пат, од страната на ВИП влезот.

Итната помош веднаш пристигнала  бидејќи била во близина но за жал само констатирала смрт. –дознава српски Курир.

Бедемот на тврдината од каде паднало момчето е висок 20 метри. Организаторите на Егзит соопштија дека момчето настрадало надвор од оградениот дел на фестивалот.

Длабоко сочувствуваме со семејството на настраданото момче. Несреќниот случај се случи надвор од просторот на фестивалот, откако момчето го напуштило фестивалот. Судејќи според отчитувањето на времето на влез, момчето кратко се задржало на Егзит и потоа излегло низ фестивалската капија кон Каменички пат. Во прашање е осветлен простор на кој се наоѓа трајна ограда поставена пред повеќе години од страна на градските служби кои управуваат со тврдината, а на крајот се наоѓа бедем висок околу 20 метри. Во тек е увид на полицијата и се уште не се познати причините за прескокнувањето на таа ограда и другите околности на овој несреќен случај кој се случил на патот покрај Егзит фестивалот, соопштија организаторите