Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаТрагедија: Градежен работник усмртен од метална цевка

Трагедија: Градежен работник усмртен од метална цевка

Градежник го загуби животот вчера во Скопје вршејќи ги своите работни задачи. Метална цевка падната врз главата на работникот и веднаш го усмртила.

МВР денеска соопшти дека вчера околу 15:40 часот во Скопје на ул. „Македонија“, во објект во изградба на ЕЛЕМ, при вршење работни задачи, на Т.П.(51) од Скопје му паднала метална цевка на глава од скеле, при што тој починал на лице место.

Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а увид на местото на настанот изршила екипа од СВР-Скопје. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.