Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионТрагедиите на Лезбос не стивнуваат – тројца мигранти загинаа од превртување на чамец

Трагедиите на Лезбос не стивнуваат – тројца мигранти загинаа од превртување на чамец

Чамец со шеесетина мигранти од Турција кој патувал во регионот на островот Лезбос се превртел, при што загинале три лица (една жена и две деца) а други 15 се водат за исчезнати, пренесуваат француските медиуми.

До несреќата дошло откако удрил во подводна карпа во близина на источниот дел на островот и од ударот во водата паднале дел од мигрантите. Оние кои се водат како исчезнати не можеле да плутаат на површината на водата поради спасувачките ремени со лош квалитет кои ги носеле на себе.

Потрагата по нив е започната, а се смета дека најголемиот дел од исчезнатите се Авганистанци.