HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаТрагедија во тетовско Јажинце: Двегодишно девојче почина по пад во дворот

Трагедија во тетовско Јажинце: Двегодишно девојче почина по пад во дворот

policiska-lenta-1

Двегодишно девојче од тетовско Јажинце попладнево настрада во несреќен случај, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски. Девојчето нешто пред 13 часот си играло околу чешмата во дворот каде што живеело, по што се лизнало од мразот и паднало на главата. Уследило обилно крварење, а најблиските веднаш со возило се упатиле кон болницата во Тетово. За жал, девојчето уште по пат починало. Настанот е регистриран како несреќен случај.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com