Monday, Sep 25, 2017
HomeДЕНЕШНАРепубликаТрагачи на злато ги уништуваат културно историските споменици во земјава

Трагачи на злато ги уништуваат културно историските споменици во земјава

На мостот Еленски скок во Мала Река, кој е на списокот на културно историските споменици во земјава, се евидентирани големи оштетувања.

Според преставниците на Центарот за одржлив развој во Дебар, мостот има оштетувања на четири негови делови, ископани се камења и направени се големи дупки на горниот дел на мостот. Оттука велат дека според првичните проценки станува збор за лица кои поседуваат техника за откривање злато, кои претходно сметале дека во мостот има златен накит.

Невладиниот сектор во Дебар упати барања до сите надлежни институции да го заштитат мостот, но воедно и да ги откријат лицата кои го оштетиле. Гоце Лубиновски, од наведената невладина организација, вели дека мостот кој е дел од културното наследство треба да се заштити за да не се уништи целосно.

извор:Макфакс