HomeДЕНЕШНАПолитикаТрајанов: СЈО има докази дека прислушувањето било по налог на Груевски – Ова е битка да се биде или не

Трајанов: СЈО има докази дека прислушувањето било по налог на Груевски – Ова е битка да се биде или не

pavle-trajanov-777x437

Јас очекувам и СДСМ да презентира одредени информации кои досега не беа презентирани, затоа што ова е битка да се биде или не. Ова е борба и на ВМРО-ДПМНЕ, односно на раководството кое се ќе стави во функција да опстои на власт, затоа што тие се борат за нивната слобода, вели Павле Трајанов, претседател на Демократскиот сојуз, во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Прислушувањето е вршено со одлука и наредба на кадрите на ВМРО-ДПМНЕ инсталирани во Министерството за внатрешни работи, кои преку злоупотреба на системите обезбедиле информации чии корисници се државно-политичкиот врв, а најмногу претседателот на владата Никола Груевски, тврди поранешниот министер за внатрешни работи и лидер на ДС Павле Трајанов во интервју за Радио Слободна Европа.

„Повеќе од сигурен сум дека за тоа Специјалното јавно обвинителство има мноштво цврсти, сигурни материјални докази за тоа кој прислушувал, по чија наредба, кој е корисник на информацијата. Опструкциите што се прават или спречување на правдата, пред сè, од страна на судот, е недозволено и затоа овој бастион, кој сега е формиран од страна на Кривичниот суд во Скопје, треба да се разбие. Затоа, јас предлагам да се промени составот на Републичкиот судски совет, да се рекомпонира овој состав, а сите судии да бидат предмет на реизбор“ – вели Трајанов.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com