HomeФЕР ПЛЕЈФудбалТоти повторно во тимот!

Тоти повторно во тимот!

Принцот на Рома се врати повторно со екипата. Капитенот на фудбалерите на Рома легендарниот Франческо Тоти денес повторно започна со тренензи со првиот тим на Рома откако претходно пропушти три наптреари поради проблеми со повреда, пренесуваат денес италијанските медиуми.

40-Годишниот Тоти би требало да му биде на располагање на тренерот Лучану Спалети за наптреварот против Аталанта во рамките од Серија А, кој е на програма на 20 ноември. Легендарниот капитен на Рома оваа сезона забележа четири настапи на кои успеа да постигне два погодоци и да запише исто толкав број на асистенции.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com