Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАСветТортурата не е култура: Масовен протест во Мадрид против борбите со бикови

Тортурата не е култура: Масовен протест во Мадрид против борбите со бикови

Вчера мадридските улици беа исполнети со илјадници луѓе кои излегоа да кажат дека Тортурата не е култура. Тие протестираа против суровото однесување кон животните и бараат укинување на коридата, традиционалните борби со бикови.

Протестот намерно се совпадна со одбележувањето на Торо дела Вега, кој се одржува секој трет вторник во септември во Тордесиљас, во областа на Вајадолид, Овој древен обичај постои уште од средниот век, од 1453 година. Ритуалот ги симболизира двете спротиствени сили – човекот и бикот. Животното се пушта и бикот јури низ градот. Гонето од толпата, животното се втерува на мегданот каде што се одвива „битката“, кога толпата го гаѓа со стрелички, некогаш копја и камења.

Минатата година против овој празник во Мадрид протестираа повеќе од 80 илјади луѓе. Како резултат на тоа, поборниците на правата на животните успеаја да постигнат некои од своите цели, па во мај 2016 година владата на северниот регион Кастилја и Леон донесе закон со кој се забранува убивањето на животното, ставајќи крај на одбележувањето на Торо де ла Вега во неговиот традиционален облик. Сега од градските советници на Тордесиљас зависи дали ќе се одржи и како ќе заврши празнувањето во овој град.
madrid-protest-bikovi
Демонстрантите носеа транспаренти на кои беше истакнувано дека „коридата е национална срамота“ и дека „школите за тореадори се школи за свирепост“.

Иницијатор на протестите во шпанската престолнина коишто се одвиваа под мотото „Мисија – откажување“, беше Партијата против суровоста кон животните (PACMA). Говорниците од редовите на партијата повикуваа на прекинување на сите приредби со бикови и крвави свечености.

Партијата PACMA, основана пред 13 години, придобива се повеќе активисти и демонстранти. Партијата на јунските парламентарни избори успеа да освои повеќе од 284.000 гласови. Таа се залага за забрана на коридата и предупредува на свирепоста на некои традиционални обичаи.

Медиумите одбележуваат дека во текот на минувањето на демонстрантите до централниот мадридски плоштад Пуерта дел Сол предупредувајќи дека коридата е мачење, некои минувачи одговарале дека тоа е лага, што ја одразува острата полемика којашто за оваа тема се води во Шпанија.

Каталонија ја забрани коридата во 2012 година. Неколку општини и региони во земјата усвоија прописи за укинување на субвенционирањето на борбите со бикови.