HomeДЕНЕШНАСветТорнадо во Рим: Колосеумот под вода, има жртви

Торнадо во Рим: Колосеумот под вода, има жртви

maxresdefault

Големо невреме во Рим, силен ветар со бура и торнадо ја зафати италијанската престолнина, а според првичните информации, освен голема материјална штета, има човечки жртви. Во местото Ладисполи, на 30 километри од Рим едно лице загинало кога врз него се урнал дел од зграда, а десетина се повредени.

Има голем број паднати дрва, и уништени продавници, но најголемите штети с ена железничката станица, каде с еурнала платформата. Во самиот центар на ова место се урнала и цела зграда од 8 ката. Весникот Мезаџеро пишува дека голем број од жителите се евакуирани.

Во населбата Чезано на северот на Рим загинал пензионер врз чиј автомобил паднало дрво. Медиумите јавуваат за големи штети, бидејќи од невремето голем број објекти останале без покриви и надстрешници, додека некаде невремето уривало и ѕидови.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com