Tuesday, Mar 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаТопло преку ден, приквечер први дождови

Топло преку ден, приквечер први дождови

Сончевиот и топол период најверојатно денес ќе биде прекинат со првите дождови кои се најавуваат приквечер, но барем дотогаш ќе може уште малку да уживаме во убавото и пријатно сонце. Утрото исто така ќе започне во позитива со температури над 10-от степен, за веќе попладне да имаме стабилна „дваесетка“. Облаците ќе започнат да се формираат накај 17 часот, за до заоѓање на сонцето да започнат и врнежите кои ќе не следат и во текот на викендот.