Thursday, Apr 25, 2024
HomeАНТИСТРЕСПатувањеТопкапи палатата на листата 10 најпосетувани замоци во Европа

Топкапи палатата на листата 10 најпосетувани замоци во Европа

Грандиозниот османлиски дворец Топкапи се најде на листата на 10-те најпосетувани замоци во Европа. Овој симбол на Истанбул, се најде на трето место во класификацијата на радио Дојче веле. Во 1985 година Топкапи беше вклучен на списокот за светско културно наследство на УНЕСКО.

Топкапи уште е познат како дворецот на султан Сулејман Величенствениот, кој со османлиската држава царувал 36 години и речиси целиот свој живот го минал во него. Дворецот е изграден по наредба на султан Мехмед Втори Војувачот. Дворскиот комплекс се состои од четири големи дворови, во кои во текот на ерата на Османлиската империја живееле и работеле до 5.000 лица – колку во еден мал град. Топкапи денеска е најпосетуваниот историски објект во Турција од странците и од турските граѓани.
topkapi vnatre
Ранкингот за најпосетуван европски замок го предводи Версајскиот дворец, што се состои од 1.800 простории, и го сместува меѓу најголемите дворски комплекси во Европа. На второ место е познатиот дворец со фонтани Петерхоф, крај Санкт Петербург, наречен уште „Рускиот Версај“, бидејќи бил изграден според урнекот на Версајскиот дворец.

Останатите замоци во класификацијата на Дојче веле се дворецот Виндзор (Велика Британија), Шонбрун (Австрија), Ескориал (Шпанија), Хлубока (Чешка), Нојшванштајн (Германија), Дворецот на дуждовите (Италија), Дворецот Пења (Португалија).