Wednesday, Apr 24, 2024
HomeГИГА БАЈТПЦТоп совети за подобар Wi-Fi сигнал

Топ совети за подобар Wi-Fi сигнал

Сигурнo многумина од вас се фрустрираат кога нивниот смартфон не може да се поврзе на домашната Wi-Fi поради слабиот сигнал. Поновите рутери имаат подобар квалитет и покриваат поголем домет со постабилна и побрза конекција, но не може да се покрие секое ќоше во куќата. Затоа ви препорачуваме неколку едноставни совети со кои постојано ќе имате стабилна конекција.

Позицијата на рутерот е многу важна, па за најдобри резултати треба да го поставите некаде високо и по можност во средиштето на домот за да се покријат сите соби со сигналот. Исто така внимавајте околу Wi-Fi рутерот да нема никакви предмети кои ќе го блокираат сигналот, ниту пак дополнителни електрични уреди.

Комшиското Wi-Fi исто така може да создава проблеми во конекцијата поради поклопување на каналите и френкфенциите. Затоа користете ги програмите Wi-Fi Stumbler и Wi-Fi Analyzer за да проверите на кој канал има најмала оптовареност и користете го преку интерфејсот на рутерот.

wifi2

Тие што користеле стари телевизори со антени сигурно се сеќаваат на едноставните домашни „изуми“ за подобар сигнал со ставање на жици, плехови или било каков метал. Истото може да го примените и со антената на Wi-Fi рутерот која може да ја обложите со фолија за засилување и концетрирање на сигналот.

Следните чекори се малку понапредни бидејќи бараат од вас одмерени „хакерски“ вештини, но ништо не е премногу комплицирано. Најпрво треба да влезете во интерфејсот на рутерот и да ја инсталирате апликацијата DD-WRT со која ќе добиете пристап до опциите за засилување на моќноста на сигналот кој може да го поставите на 70mW.

Следејќи ја истата програма може да ја активирате и опцијата Wi-Fi Repeater со која сигналот нема да биде премногу моќен туку ќе се прошири на поголема област, што е сосема корисно доколку живеете во поголема куќа или пак сакате да имате пристап до интернет и во вашиот двор.

Извор: telefoni.mk