Thursday, Mar 28, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈАвтомобилизамTop Gear се враќа со сите водители на Amazon

Top Gear се враќа со сите водители на Amazon

Фановите на тројцата откачени британци не треба да очајуваат бидејќи водителите Џереми Кларксон, Џемјс Меј и Ричард Хамонд повторно ќе не забавуваат со емисијата Top Gear, но овој пат на Amazon со склучен договор за цела сезона.

BBC откако го отпушти омилениот водител Џереми Кларксон се соочи со бојкот на ко-водителите Џемјс Меј и Ричард Хамонд и мораше да ја прекине продукцијата на ултра популарното автомобилистичко шоу додека не најде нови тв лица. Кларксон беше отпуштен поради физички напад на еден од продуцентите и неговото извинување дека се соочувал со притисок поради лекарските прегледи за можен карцином не помогнаа.

Новото шоу секако ќе се снима под ново име, но со стандардната рутина на тестирање на бесни автомобили и многу хумот.