Thursday, Apr 18, 2024
HomeАНТИСТРЕСПатувањеТоп европски дестинации за љубителите на вино

Топ европски дестинации за љубителите на вино

Традицијата на правење вино е стара колку и самата човечка цивилизација, а историјата на европското вино датира уште од времето на античките Грци, околу 8-6 век пред новата ера кога луѓето започнале со одгледување и искористување на маслинките и виновата лоза.

Виното се сметало за главен пијалак на елитата, а по Римскиот период започнало да биде достапно за скоро сите луѓе. Денес процесот на правење вино прерасна во една голема индустрија и во некои земји, дури и главен двигател на економијата. Европа како лулка на цивилизацијата има огромна улога во винската индустрија, односно зазема 2/3 од неговото севкупно производство.

Топ 3 земји кои се сметаат за најголеми произведувачи на виното се Франција, Италија и Шпанија, при што трите заедно имаат околу 80% од производството на виното во целиот свет. Ова се топ 6 земји во кои, кога ќе отидете, не смеете да ја пропуштите дегустацијата на доброто вино.

1. Бургундија, Франција
На само 100 километри од Париз, се наоѓа фантастичниот вински регион Бургундија. Величествените плантажи со винова лоза, иако се мали, ги красат прекрасни пејсажи и мали средновековни села. Црвеното вино најмногу се прави од Pinot Noir грозјето, а бело пак од Шардоне. Петте главни региони во кои се обработува виното се: Chablis, Cote d’Or, Sancerre, Macon и Beaujolais, идеални локации за одмор во модниот Париз.
francija2. Тоскана, Италија
Уште пред 1000 години, древните Етрурци ги откриле здравствените предности кои ги имаат виното и маслиновото масло, а истите и натаму продолжуваат да се употребуваат во овој регион. Тоскана е една голема област која зафаќа различни региони со различни климатски услови, а заедничко за сите е грозјето од кое се произведуват неколку познати вина. Најпознато црвено вино е Сенџовезе, а главни бели вина се Требјано и Санти.
italija3.Ла Ријоа, Шпанија
Шпанија е третиот светски произведувач на вина, а покрај престижните вина што доаѓаат од таму, истите одлично се вклопуваат и во нивните традиционални кулинарски деликатеси.
spanija4. Долината Мозел, Германија
Мозел е една од 13-те официјални вински региони во Германија и водечка, кога станува збор за интернационалниот изглед. Околу 60% од белото вино што се произведува во светот доаѓа токму од овде и мозелските вина се сметаат за едни од најдобрите.
germanija5. Бордо, Франција
Бурниот бизнис на извоз на вино започнал од средината на 12-от век и трае се до ден денес. Бордо се наоѓа на Атлантскиот брег, а е дом на едни од најпознатите вина како што се Saint Emilion, Medoc и Pomerol.
bordo fr6. Кефалонија, Грција
Планинскиот остров Кефалонија е препознатлив како најважниот остров во кој се прават познатите грчки вина направени во нов стил. Како карактеристичен дел од нивната традиционална и античка култура, едноставноста на грчките вина лежи во нивните посебни уникатни вкусеви кој доаѓаат од нивните домашни врсти на грозје, а кои ги има преку 300 видови.
grcija
извор:Црнобело