Tuesday, Apr 23, 2024
HomeАНТИСТРЕСПатувањеТоп дестинации за луда забава

Топ дестинации за луда забава

Некој сака релаксирачки одмор, но поголемиот дел од младите сакаат добра забава. Овие дестинации се совршени за млади луѓе кои ужаваат во забавата до раните утрински часови.

Ибица, Шпанија
Од познати плажи и клубови како што е „Амнезија“, па сè до вкусна храна, Ибица има навистина сè и денес важи како своевидно игралиште за сите „парти манијаци“од сите краеви на светот. Иако островот првенствено е познат по лудите забави, тој има и некои историски познати атракции.
ibicaРио де Жанеиро, Бразил
При споменувањето на Рио, што прво ви паѓа на памет? Секси бразилки во минијатурно бикини или „six pack” на сите исончани секси мажи? Рио де Жанеиро нуди сè! Добра забава, особено за време на карневалот, одлични адреналински активности, море… Би можеле вака до утре.
rioКанкун, Мексико
Ако некогаш сте гледале некоја од шпанските теленовели, веројатно сте виделе како Аурора, Франциско и сите богати ликови од серијата одат во Канкун за добра забава. Хм, а што велите и вие да тргнете по нивните стапки? Можеби ќе ве пронајде некој агент и ќе ве вработи во некоја сапуница. А, ако не, барем ќе имате незаборавен одмор!
kankunЛас Вегас, Америка
Во ред, овој град најдобро ќе го запомните по две работи. Или таму ќе ги потрошите сите заштеди, или наутро ќе се разбудите покрај новопечен животен сопатник кој сте го запознале претходната вечер. Хмм, како и да е, ако сакате да играте на сигурно – облечете се како Елвис, па можеби и нешто ќе заработите!
las-vegas-nightБарселона, Шпанија
Ако се земе во предвид дека во Барселона може да се стигне со една од нискобуџетните авио компании, тогаш овој град се чини како идеален за добра забава со друштвото. А, уште ако сте вљубеник во уметноста и архитектурата…
barselona