Friday, Mar 29, 2024
HomeАНТИСТРЕСЕкимТоп 5 причини поради кои диетата не „пали“

Топ 5 причини поради кои диетата не „пали“

Денеска е во мода да се биде на диета. Сите посакуваат да изгледаат подобро но зошто стандардните диети не се доволни, и зошто најчесто не успеваат? Ова се најчестите причини.

diet4

1. Редукционост

Скоро сите “диети” кои ни се најчесто на дофат се редукциони. Во превод, тоа значи дека наложуваат да избегнуваме одредена храна. На човечкото тело му се потребни сите нутриенти во текот на едно деноноќје и затоа не смееме да избегнуваме било кој од макро-нутриентите (јаглехидрати, масти и протеин).

2. Направени за различна конституција

Повеќето диети на кои ќе наидете се правени за луѓе со различна градба. Количеството на храна зависи од нашиот индекс на телесна маса (BMI) и доколку не е ист со човекот кој ја препорачува тогаш не очекувајте резултати.

3. Прескокнување на оброци

Причина за лоша ефикасност може да биде и фактот дека според диетата треба да избегнуваме да јадеме во одреден дел од денот или да прескокнуваме оброци. Колку почесто јадеме (секако тука зависи и количината) толку побрз станува нашиот метаболизам и толку повеќе калории трошиме.

4. Еднолична база

За разлика од редукционите овие диети дозволуваат внес на различна храна но пред се базата ја прават на одреден вид храна како на пример диета која од вас бара да јадете по 150гр. чоколадо два пати дневно или пак половина килограм јаболки.

5. Болест или телесно нарушување

Иако не толку често, диетите може да не успеат поради фактот дека личноста која ги користи е подложна на некоја болест или телесно нарушување. Сите тие кои имаат некоја слична ситуација или се наоѓаат во одредена состојба која може да го наруши здравјето треба да се советуваат со стручно лице за било каква диета.

Секако ова не се сите причини поради кои диетите во генерала не успеваат. Не смееме да заборавиме дека зборот диета всушност значи режим на исхрана кој се користи за намалување, одржување или качување на килограми.