Thursday, Oct 19, 2017
HomeГИГА БАЈТСмартфонТоп 4 Android смартфони со големи екрани, а ниски цени

Топ 4 Android смартфони со големи екрани, а ниски цени

Ако сакате ниско-буџетен телефон што не е многу лимитиран со перформанси и можности, ви ги даваме како предлог овие 4 уреди, одлучите што е најдобро за вас. Патем, сите телефони се со големи екрани.

Lenovo K3 Note – има моќен сетап на компоненти со можност за користење на две СИМ картички, 5.5-инчен Full HD дисплеј, со octa-core MediaTek процесор, 2GB RAM меморија и 8GB меморија за податоци. Има задна камера од 13MP и предна 5MP. Батеријата има капацитет од 3000mAh. Уредот чини 145 долари и може да се порача онлајн.

blu life one

BLU Life One е пристапен телефон со супер спецификации, можност за користење на две СИМ картички и 5-инчен дисплеј со 720p резолуција, Gorilla Glass 3-заштита на дисплејот, Qualcomm 64-битен Snapdragon 410 quad-core процесор. BLU Life One има 13MP Sony IMX 135 камера со LED блиц, а предната камера има 5MP. Капацитетот на батеријата изнесува 2420mAh и функционира со Android 4.4.2, но има само 8GB меморија за податоци, но не е проблем, затоа што може да си додадете со microSD картичка. Во моментот чини 149 долари.

huawei_honor_4x

Huawei Honor 4A располага со 5 инчен 720p HD дисплеј, 4-јадрен Snapdragon 210 процесор, 2GB RAM меморија, 8GB меморија за податоци, со можност за microSD картичка, 8MP задна камера, батерија со капацитет од 2100mAh, а функционира со Android Lollipop.

HTC-Desire-610

HTC Desire 610 со цена од 130 долари е мал залак, но вреди. Тој е опремен со 4.7-инчен дисплеј и резолуција од 540×960 пиксели, Snapdragon 400 процесор со 1GB RAM меморија, 8GB меморија за складирање на податоци, 8MP задна и 1.3MP предна камера, со батерија што има капацитет од 2040mAh. Desire 610 функционира со Android 4.4.2 софтвер и поседува 4G/LTE-конекција.

Извор: telefoni.mk