Thursday, Apr 25, 2024
HomeСТУДЕНТУМТоп 10 ПР совети – Одлично предавање за подобра комуникација

Топ 10 ПР совети – Одлично предавање за подобра комуникација

Експертот за Односи со јавност и корпоративни комуникации, од Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити Колеџ д-р Димитрис Николаидис во Скопје ќе одржи предавање од областа на ПР комуникациските вештини, па за почетокот ова се неговите десет совети.

  1. Ефективно комуницирајте со Вашите клиенти!
  2. Подобрете ги Вашите комуникациски вештини за поефикасно управување!
  3. Преку комуникација и градење врски развијте конкурентна предност!
  4. Научете како да планирате однапред и идентификувајте ја Вашата најважна публика!
  5. Подгответе ја Вашата компанија за кризни ситуации!
  6. Научете како да се справите со медиумите!
  7. Развијте свој систем за следење на медиумите!
  8. Вашите пораки треба да креираат ефективна комуникација!
  9. 75% од грешките во компанијата настануваат заради слабата комуникација. Што се случува во Вашата компанија?
  10. Комуникацијата треба да биде Искрена, Отворена и Двонасочна! Како можеме да го обезбедиме тоа?

 

 

Десетте совети за воспоставување на Односи со јавност и развивање на ефективна корпоративна комуникација се само мал дел од она што ќе биде застапено на предавањето на д-р Димитрис Николаидис, директор на одделот за Бизнис администрација и економија и професор на Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити Колеџ. Викенд модулот на тема Стратегии и тактики во односите со јавноста што ќе се одржи од 18 до 20 септември, во Хотел ТЦЦ Гранд Плаза, Скопје е спроведено од Академијата за Менаџери од Скопје, под академска надлежност на Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити Колеџ.

Крајниот рок за пријавување е 15 септември 2015 година. Повеќе информации за викенд модулот Односи со јавност – стратегии и тактикиможе да се добијат на веб страницата на Академијата за Менаџери www.managersacademy.mk како и одговор на сите прашања  преку електронска пошта на office@managersacademy.mk