Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаТодоров уверува дека нема да има пропусти во изградбата на новиот клинички, учесниците на тендерот поднесоа жалби

Тодоров уверува дека нема да има пропусти во изградбата на новиот клинички, учесниците на тендерот поднесоа жалби

По информациите дека компанијата која ќе го гради новиот клинички е со негативен бонитет денеска привремениот министер Никола Тодоров уверуваше дека целата постапка за избор на фирма која ќе го гради новиот Клинички центар е транспарентна. Одлуките на комисијата дополнително ги разгледуваат стручни лица од банката при Советот на Европа, рече Тодоров. Според него, во тек е период на жалби и сите компании кои доставиле понуди можат да се жалат по обелоденувањето дека веќе е избран конзорциум од две македонски и една италијанска фирма да го градат Клиничкиот.

– За секој чекор на комисијата банката дава согласност станува збор за банка на Советот на Европа, изјави Никола Тодоров.

Од друга страна, Тв 24 објави дека жалбите на фирмите учеснички на тендерот веќе се испратени. Тие бараат пристап до извештаите на Комисјата за евалуација. Се бара увид на податоците доставени за техничкиот дел, но и економската понуда.