Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаТодоров: Нема најава за нова лидерска средба

Тодоров: Нема најава за нова лидерска средба

Министерот за здравство и шеф на преговарачкиот тим на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров, очекува набрзо да има напредок во преговорите меѓу четирите партии за целосно спроведување на Пржинскиот договор, иако нема најави за нова лидерска средба.

– Засега нема најава за нова лидерска и не би требало да има се додека нема нешто опипливо. Јас и пред некој ден кажав каде стои ВМРО-ДПМНЕ и каков е ставот на партијата во делот на избирачкиот список, така што очекувам дека многу брзо ќе има некаков напредок, изјави Тодоров, одговарајќи на новинарско прашање по посетата на пунктот на Итната медицинска помош во скопско Глумово.