Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаТодоров „бега“ во адвокатура, ја напушти пратеничката функција

Тодоров „бега“ во адвокатура, ја напушти пратеничката функција

Пратеникот Никола Тодоров и министер за здравство во заминување најави дека целосно ќе се повлече од политичките функции со цел да се посвети на неговата кариера како адвокат.

– Почитувани, имајќи во предвид дека планирам во иднина повеќе да се посветам на мојата основна професија како адвокат, како и да можам да дадам поголем придонес во партиските активности, дозволете ми да Ве информирам дека одлучив да поднесам оставка на функцијата пратеник во Собранието на Република Македонија, објави Тодоров.