Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаТодоров: Ако не одговараа Шекеринска и Бучковски, нема да одговарам ни јас

Тодоров: Ако не одговараа Шекеринска и Бучковски, нема да одговарам ни јас

Никола Тодоров во вестите на телевизија 24, рече дека постојат гласини дека СДСМ ќе се обиде пред Велигден насилно да го преземе Собранието, што претставува воведување хаос во државата. На Тодоров му беше поставено прашањето, дали е свесен дека може кривично да одговара затоа што во моментов извршува две неспоиви функции, тој одговори: Штом не одговараа госпоѓата Радмила Шекеринска и господинот Владо Бучковски како премиер во 2006 година кој беше на истата позиција со истиот Устав, не верувам дека и јас би одговарал“.

Што се однесува до прашањето за здравството, Тодоров изјави дека е задоволен. Одливот на лекарски кадри, како и недостигот на персонал и затворањето болнички одделенија, Тодоров ги бранеше како феномен. Одлив на лекари има многу помалку отколку во Словенија и Бугарија кои се членки на ЕУ, тоа е еден феномен – рече Тодоров.

Повторно Тодоров користеше реторика со која ја обвини претходната власт иако водителката му посочи дека тие 10 години се на власт и дека не може да се вади со она што го правеле претходниците.