Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаТодоров: Ако комората реши да му ја одзеде лиценцата на гинекологот ние ќе ја почитуваме

Тодоров: Ако комората реши да му ја одзеде лиценцата на гинекологот ние ќе ја почитуваме

Лекарската комора е таа која одлучува дали ќе му ја одземе лиценцата на гинекологот од кој се пожалија неколку пациентки дека ги лажел дека се трудни, изјави министерот за здравство Никола Тодоров.

-Лекарската комора е таа што дава и одзема лиценци. Се додека еден лекар има лиценца, ние ништо не можеме. Ако комората реши да му ја одземе, ние ќе постапиме по одлуката на комората. Тоа што ние можеме да го направиме е да ја известиме комората за целата работа и да побараме таа да ги превземе сите активности по претходно целосно испитување на случајот – изјави Тодоров.

За потсетување станува збор за гинеколог од Скопје кој со месеци лажел пациентка дека е бремена, па дури бил подготвен да изврши и лажен царски рез. Има пријави дека слично постапувал и со други пациентки.

Извор: libertas.mk