Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаTKP Филип Морис задоволен од измените на законот за акцизи

TKP Филип Морис задоволен од измените на законот за акцизи

Тутунскиот комбинат Филип Морис во Прилеп по состанокот на производителите и увозниците на тутунски добра со преставнците од Царинската управа укажа задоволство од промените во Законот за акцизи кои ќе бидат поволни за индустријата и се многу поефикасни. Индиректно се очекува и поголем бенефит за самите производители на тутун во Македонија.

„Ние навистина ја цениме и поддржуваме иницијативата на Царинската управа за организацијата на ваквите состаноци со индустријата. Ова е многу добар пример на транспарентност и вклучување на бизнис секторот во законодавниот процес, со цел измените да бидат практични, разумни, ефективни, како и да обезбедат ефикасност како за јавната администрација, така и за бизнис секторот. Акцизите се многу важен извор на приходи за Буџетот на Република Македонија. Во текот на оваа година, акцизите само од тутунските производи сочинуваат речиси 10% од вкупните даночни приходи. Ова укажува на важноста да се има ефективен Закон за акцизи и ефикасно администрирање на акцизите изјави Анита Блажевска менаџер за корпоративни прашања на Филип Морис ТКП.

Тутунскиот комбинат Филип Морис исто така ја понуди својата експертиза за царинската соработка и акцизите собрана на глобално ниво.