Thursday, Apr 25, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈТенисТитула број три во Шангај за Ѓоковиќ

Титула број три во Шангај за Ѓоковиќ

Тенискиот ас уште една ја покажа својата одлична форма и „глад“ за титули. Во интересно финале за нешто помалку од час и половина успеа да го совлада францускиот тенисер Жо Вилфред Цонга со 2-0 (6-2, 6-4) во сетови, со што заслужено се закити со трофејот.

Во првиот сет Французинот успеа при резутат 5:1 да го освои својот прв сервис – гејм, за потоа Ѓоковиќ рутински да го затвори сетот. Вториот, далеку поизрамнет сет, при резултат од 4:4 Цонга направи неколку грешки на свој сервис кој го чинеа пораз.

До крајот на сезоната остануваат уштеМастерсот во Париз и завршниот турнир од оваа серија во Лондон каде што голема е веројатноста дека српскиот бисер ќе застане цврсто во одбрана и на овие турнири и супериорно ќе ја заокружи сезоната со само пет порази.