Thursday, Mar 28, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈТенисТипсаревич успешно опериран

Типсаревич успешно опериран

Српскиот тенисер, Јанко Типсаревич успешно ја поминал операцијата во Германија, и според моменталните проценки, тој би требало на теренот да се врати до Аустралијан Опен.

Типсаревич во последните неколку години константно се мачеше со повредите, најпрво имаше проблеми со петата, поради која одсуствуваше од терените повеќе од една година, а сега го мачи и повредата на колената.

,,Ова за мене беше тежок период, но јас сум спремен да го пребродам и да се вратам подобар од било кога”, порача Типсаревич кој сега го очекува тримесечна пауза поради оваа повреда.