Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаТимоние: Политичката состојба во Македонија во моментов наликува на изгребана плоча

Тимоние: Политичката состојба во Македонија во моментов наликува на изгребана плоча

Францускиот амбасадор Кристијан Тимоние денеска во Битола изрази надеж дека политичката криза во Македонија набрзо ќе заврши бидејќи земјата веќе нема време за губење.

– Политичката состојба во Македонија во моментов наликува на изгребана плоча и не сакам да додадам уште една изгребана плочка на тоа што веќе е. Посакувам што побрзо да се излезе од оваа состојба затоа што македонскиот граѓанин сака да види излез од оваа ситуација бидејќи светот не чека – рече Тимоние, одговарајќи на новинарско прашање.

Тој истакна дека амбасадата на Франција тесно соработува со Секретаријатот за европски прашања и дека официјален Париз назначил технички експерт кој му помага на СЕП помага да постигне поголема искористеност и пристап до ЕУ-фондовите.

– Но за тоа е потребна влада што ќе ја спроведува потребната динамика, а административната празнина што постои во моментов, не ни помага во работата, истакна Тимоние.