Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаТимоние: Неопходна согласност од сите партии за евентуална средба во Париз

Тимоние: Неопходна согласност од сите партии за евентуална средба во Париз

Евентуалната средба на македонските политички партии во вилата на Жан Моне во Париз треба да биде резултат на нивната подготвеност сите да присуствуваат и да работат заедно за да го изодат патот кон Европската унија. Ако не можат да се договорат, ќе се постави прашањето какво би било местото на Македонија во Унијата, смета францускиот амбасадор во Македонија Кристијан Тимоние.

– Треба пред се сите да бидат согласни да дојдат заедно во вилата во Париз, и на некој начин тоа е предуслов. Јас разбрав дека има принципиелни договори што се на некој начин постигнати. Меѓутоа, ако договорот меѓу партиите не може да се направи во Македонија, тогаш може да се состанат во Париз. За нас, пред се, тоа е работа на македонските партии, а ние ќе бидеме само добронамерни домаќини – изјави Тимоние, одговарајќи на новинарско прашање во врска со идејата политичарите од Македонија да раговараат во вилата на Жан Моне во Париз, како и за ставот ВМРО-ДПМНЕ дека проблемите во Македонија треба да се решаваат во македонските институции.

Во секој случај, додава Тимоние, партиите треба на сосема конкретен начин да најдат можност да работат заедно со цел да го изодат патот кон Европската унија.

– Доколку македонските партии не успеат да најдат начин да работат заедно, може да се запрашаме какво би било местото на Македонија во Европа. Се разбира, тој одговор и го препуштам на македонската страна – изјави Тимоние, кој претпладнево во Битола учествува на Научен ден посветен на Првата светска војна на тема: „Балкански општества во Првата светска војна“ на кој учествуваат експерти од Франција, Романија, Албанија, Србија и од Македонија.