Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаTимоние ја одликуваше Арифи со францускиот орден Офицер на Националниот ред за заслуги

Tимоние ја одликуваше Арифи со францускиот орден Офицер на Националниот ред за заслуги

Францускиот амбасадор во Македонија Кристиан Tимоние, во име на претседателот на Република Франција, ќе ја одликува Теута Арифи со орден Офицер на Националниот ред за заслуги.

– Теута Арифи, градоначалник на градот Тетово, поранешен заменик на претседателот на Владата задолжен за европски прашања и посветен франкофон, го добива ова важно француско одликување за своите особени заслуги за развојот на односите помеѓу двете земји и евроинтеграциските процеси на Македонија, се наведува во соопштението од Француската амбасада.

Орденот за Национални заслуги на Франција, воспоставен во 1963 година од страна на генералот Де Гол, е едно од најпрестижните француски одликувања. Со него се наградуваат воени или цивилни лица, Французи или странци, коишто имаат особени заслуги за Република Франција. Одликувањето се доделува со указ на претседателот на државата.