Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаТимоние е убеден дека Иванов ќе го даде мандатот

Тимоние е убеден дека Иванов ќе го даде мандатот

Амбасадорот на Франција во Македонија, Кристијан Тимоние го повика денеска претседателот Ѓорге Иванов да се однесува одговорно во однос на мандатот за формирање на новата влада, јавува „Алсат-м“. На Денот на Европа, Тимоние го истакна големиот интерес на Франција, Македонија да се врати на својот пат кон интеграцијата во ЕУ и што побрзо да стане полноправна членка.

„Тој е шеф на државата и работите се во негови раце. Тој е одговорен државник, а јас сум убеден дека ќе го стори тоа. За нас е многу важно да ја видиме Македонија да се врати на вистинскиот пат, тоа е патот на европската интеграција. Има многу работа, но може да видиме дека има уште ентузијазам и знаете дека тоа е многу важно затоа што Македонија има важна улога за стабилноста на Балканот и интеграцијата на Балканот ќе биде доказ за успехот на европската идеја“, изјави Кристијан Тимоние, амбасадор на Франција.