Tuesday, Apr 16, 2024
HomeДЕНЕШНАСветТилерсон не ја исклучува можноста за воена акција кон Пјонгјанг

Тилерсон не ја исклучува можноста за воена акција кон Пјонгјанг

Стратешкото трпение на САД спрема Северна Кореја дојде до крајна точка, изјави денеска американскиот државен секретар Рекс Тилерсон за време на посетата на Јужна Кореја, додавајќи дека сега „сите опции се отворени“.

-Дозволете ми да бидат целосно јасен. Политиката на стратешко трпение завршува. Проучуваме широк спектар дипломатски, безбедносни и економски мерки. Сите опции се отворени, изјави Тилерсон на прес конференцијата во Сеул.

Тилерсон ја посети и зоната која ги раздвојува двете Кореи, а во Сеул пристигна од Јапонија каде изјави дека пропаднале напорите да се убеди Пјонгјанг да се откаже од својата нуклеарна програма.

-Се разбира дека не сакаме да дојде до тоа, не сакаме воени конфликти. Но, доколку таа нивна програма на вооружување дојде до нив да има потреба од акција, тогаш ниту таа опција не е исклучена, рече американскиот државен секретар.

Северна Кореја предизвика нова загриженост во светот со неодамнешните никлеарни тестирања.