Friday, Apr 19, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалТикет на денот 02.04.2017

Тикет на денот 02.04.2017

New Picture (1)

Пескара – Милан    Ако нешто е фикс на денот, тоа треба да е сигурно Милан. “Росоњерите“ знаат како се прави кикс сигурно, но денес не само што нема право да се прават грешки, тие одат на гости кај најлошиот тим во Серија А и се освен двојка би било катастрофа. Тимот на Монтела победи на четири од последните пет натпревари. Пескара нанижа четири убедливи порази и веќе долго време нема шанси за опстанок во Серија А.

Палермо – Каљари   Тимот на нашите Несторовски и Трајковски е во завидна ситуација, секој пораз го одалечува од местото за опстанок. Денес имат одличен противник да се поправи таквата ситуација, после поразот на Емполи вчера од Рома. Палермо со победа денес ќе се доближи на реални 4 поени заостато на само 8 кола пред крајот на првенството. Каљари е екипа која игра доста променливо но во последно време се во мала криза и се надеваме дека најдобриот стрелец на Палерно, Несторовски кој е во одлична форма ќе го искористи тоа.

Османлиспор – Газиантеп    По елиминацијата од Лигата на Европа, Османли влезе во кризни резултати, сепак сега има голема шанса да излезе, бидејќи на домашен терен доаѓа најлошиот тим на турскиот шампионат. Газиантеп е последниот тим на табелата, игра најлош фудбал на гостинки терен, а домашен терен е голем адут на Османли, веруваме во победа на домаќинот. Инаку би можел да се доближи до зоната за испаѓање.

Ајакс – Феенорд    Ајакс во претходното коло направи кикс и ја зголеми предноста на Феенорд во борбата за титулата, затоа денес Класикер има дополнителна обврска да нападне со сиот свој арсенал. А Феенорд само еднаш во последните девет средби успеа а да не постигне барем еден гол. Последните три средба меѓу овие ривали имало доста голови, па така и денес очекуваме голеада во Амстердам.

POST TAGS: