Saturday, Apr 20, 2024
HomeГИГА БАЈТХај текThync – првата дигитална дрога во светот

Thync – првата дигитална дрога во светот

Да, добро прочитавте. Се работи за геџет кој делува врз човечкиот организам како што делува марихуаната.

Овој уред се поставува на челото, со што тој треба да емитува ниски нивоа на електрични бранови кои ќе ве смират или ќе ве разбудат, во зависност од тоа што ви е потребно. Уредот преку bluetooth се поврзува со паметен телефон, а корисниците на апликацијата имаат можност да ја регулираат јачината на емитуваните електрични бранови.

Оваа „дрога“, чиј дизајнер е неврологот и биоинжинерингот Џејми Тајлер, се третира за функционална, барем така тврдат нејзините корисници. Следен пат кога ќе станете на лева нога или ќе ве изнервира колегата од работа, знаете кон што да посегнете.