Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаТХП: ВМРО-ДПМНЕ ги уназади и разнебити помалкубројните е етнички заедници

ТХП: ВМРО-ДПМНЕ ги уназади и разнебити помалкубројните е етнички заедници

Партијата за Движење на Турците во Македонија денеска преку соопштение изјави дека ВМРО-ДПМНЕ во своето 10 годишно владеење се постави деструктивно кон сите помалку бројни етнички заедници. Тие велат дека во изминатава деценија освен што немало никаков напор, ниту пак цел да се подобрат правата и животниот квалитет на помалку бројните етнички заедници, туку за жал истите биле уназадени и сосема разнебитени.

„Истата тажна слика се повторува и за турската етничка заедница. За жал, владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ имаше двојни стандарди кога станува збор за граѓаните од турската етничка заедница во Македонија. Во сите сегменти од општеството Турците беа игнорирани, изолирани и заборавени. Бројот на Турците кои се вработени во државната администрација и натаму е далеку од задоволително, односно не е постигната ниту половина од оптималната бројка. Владата под палка на ВМРО-ДПМНЕ го остави НУ Турски Театар без своја зграда и без основни творечки услови. Од медиуми до култура, од образование до здравство во сите сфери Турците се запоставени“, велат од партијата.

ТХП смета дека под вакви околности и факти не само што е некоректно туку и невкусно е ВМРО-ДПМНЕ да говори како се залага за правата на помалку бројните етнички заедници.

„Немаме никакви проблеми со меморијата, ниту пак со интелигенцијата. Фактичката состојба говори доволно за пристапот на ВМРО-ДПМНЕ кон граѓаните од турската етничка заедница. Како што доаѓа крајот на режимот предводен од ВМРО-ДПМНЕ, така доаѓа крајот и на голготата на граѓаните од помалку бројните етнички заедници. Доаѓа влада која ќе се грижи подеднакво за сите граѓани на Република Македонија“ велат од ТХП“, велат од партијата