HomeРЕФЛЕКТОРМузика„Thinking out loud“ попопуларна од „Hello“

„Thinking out loud“ попопуларна од „Hello“

Популарните британски музичари Адел и Ед Ширан се најдоа во борбата за песна на годината на доделувањето на наградите „BMI London Award“, а во истата категорија се најдоа и Ели Гулдинг и Џорџ Езра. Победата ја однесе Ед Ширан со нумерата „Thinking out loud“, а со тоа што песната е објавена во 2014 година успеа да ја победи нумерата „Hello“ од Адел, која излезе кон крајот на минатата година.

Се работи за награда која се доделува на најчесто изведуваните песни од европски автори кои се пуштале во текот на годината на американско радио и телевизија. „Рудиментал“ ја освои поп наградата за песната „Lay it on me“ која е пишувана во соработа со Ширан. Сепак, најзначаен момент од вечерта беше доделувањето на „BMI Icon Award“, која му прирпадна на легендарниот музичар Стинг.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com