HomeРЕФЛЕКТОРМузикаThe Weeknd во борба со самиот себеси!

The Weeknd во борба со самиот себеси!

Спотот за новиот есенски хит „Starboy“ пристигна. Во мрачна и драматична нова видео-снимка, во соработка со составот „Daft punk“, популарниот пејач од Канада The Weeknd, одлучно се „уништува“ на сцената онаков како го знаеме и се прикажува во сосема ново светло.

Минатата недела, нумерата „Starboy“ дебитираше заедно со насловната страница за новиот албум, за кој пејачот истакнува дека ќе биде објавен на 25 ноември. Покрај тоа, единствена позната работа во врска со новиот албум е дека ќе ја содржи и песната „False Alarm“.

Грант Сингер, долгогодишен соработник на популарниот пејач, го режираше спотот кој е инспириран од хорор филм. Спотот доби номинација за најдбор MTV видео, дури и пред официјално да биде објавен.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com