HomeРЕФЛЕКТОРМузика„The Rolling Stones“ откажале концерт поради болест на Мик Џегер

„The Rolling Stones“ откажале концерт поради болест на Мик Џегер

Откако на фронтменот на составот „The Rolling Stones“ Мик Џегер му беше дијагностициран ларингитис, британската група беше принудена да го откаже денешниот концерт во Лас Вегас. 73-Годишниот Мик Џегер заедно со членовите на составот требаше да настапи во арената „T-mobile“ во Лас Вегас во САД, но му било советувано да го одмора гласот поради воспаление на дишните патишта.

Џегер им се извинил на своите обожаватели преку Твитер, додавајќи дека му е жал поради оние кои веќе си обезбедиле карти за концертот. Во официјалната изјава на бендот „The Rolling Stones“ стои дека „се надеваат дека наскоро ќе имаат повеќе иформации околу можно добивање на нов датум за одржување на концертотот“.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com