HomeРЕФЛЕКТОРМузика„The Rolling Stones“ изведоа песна од легендарните „The Beatles“ (ВИДЕО)

„The Rolling Stones“ изведоа песна од легендарните „The Beatles“ (ВИДЕО)

За многу рокери од шеесетите години на минатиот век главно прашање беше: „Битлси“ или „Стоунси“? Првата вечер од американскиот рокенрол фестивал „Desert trip“, кој се одржува во калифорниската пустина, „Стоунси“ на изненадување на обожавателите им одадоа признание на своите поранешни наводни ривали. Мик Џегер, фронтменот на „The Rolling Stones“, пред 75.000 луѓе истакан дека групата сака да направи „нешто чудно“, односно да изведе песна „од една голема група“.

Тогаш ја изведоа песната „Come Together“ од претпоследниот албум на легендарните „The Beatles“. Тоа беше дефинитивно момент за паметење на рокенрол фестивалот „Desert trip“ на кој се собираат најголемите рок ѕвезди како: „The Rolling Stones“, Пол Мекартни, Роџер Вотерс, бендот „The Who“, Боб Дилан и Нил Јанг.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com